Англискиот клуб Манчестер Сити е најдефанзивната екипа во топ 5 првенствата во Европа со само 3 примени голови досега, информира тиражната „Марка“.
„Граѓаните“ од Манчестер имаат и најмногу постигнати голови во Премиер лигата, вкупно 27.
Веднаш зад премиерлигашот со најмалку примени голови се тимовите на Ливерпул со 4, односно Атлетико Мадрид со 5 примени гола.
Грчки ПАОК и кипарските фудбалски клубови АЕЛ Лимасол и Аполон Лимасол имаат помалку примени голови од Манчестер Сити, по 2, но тие настапуваат во далеку послаби првенства.