Барселона и Валенсија одиграа 2:2, во 14.коло, во Ла Лига. Со овој кикс Барселона, со натпревар повеќе има осум поени помалку од лидерот на табелата Атлетико Мадрид.
„Марка“, највлијателниот спортски медиум во Шпанија жестоко удри по Барселона, во текстот објавен по завршувањето на натпреварот.
„Не можете да го обвините Меси што сака да замине од оваа Барселона“.
Во текстот меѓу другото пишува.
„Куман ја смени формацијата, но не успеа да ја смени среќата. Барселона испушти нови бодови. Очигледен е лимитот на тимот на Барселона, со малку играчи кои можат да внесат креативност по страните. Кога ги имате Мартин Брејтвајт и Франциско Тринкао на крилните позиции не можете да го обвините Лионел Меси што мисли дека би му било подобро да игра во некој друг клуб“.