Ниту еде од фудбалерите на Реал Мадрид немал намера да го напушти клубот во летниот преоден рок, пишува „Марка“.
Изминатите недели најсилни беа шпекулациите дека Рафаел Варан е тој што ќе замине, меѓутоа според овој медиуми тој немал намера да замине. Иста била ситуацијата и со останатите фудбалери, иако зад нив е исклучително лоша сезона.
Весникот, пишува дека на ваквата ситуација се должи враќањето на Зинедин Зидан во клубот и големите годишни плати што ги имаат фудбалерите. Таква е ситуацијата со Герет Бејл чија годишна плата ќе порасне до 17 милиони евра.
Доколку Бејл остане, тогаш клубот на неговата бруто плата до 2022 година ќе треба да издвои 100 милиони евра. Наводно Реал биле подготвени да го продадат Велшанецот за 70 милиони евра.
Иста била ситуацијата и со останатите играчи Марсело, Иско, Дани Себаљос, Валверде, Хесус Ваљехо, Тони Крос…
Сепак, какви и да се невините желби, Реал ќе мора да продава за да му овозможи на Зидан да ја направи планираната реконструкција.