Алваро Мората би можел да се пресели во Барселона, во зимскиот преоден рок, објави „Марка“. За да го реализираат трансферот од Барселона ќе треба да преговараат со Атлетико Мадрид. Мората е играч на „јорганџиите“, кој од минатата сезона игра на позајмица во Јувентус. Клубот од Торино, за две годишната позајмица на Атлетико му плати 20.000.000 евра.
„Јувентус е во финансиска и спортска криза. Мората би можел да замине, особено што се зборува дека во клубот ќе пристигне Мауро Икарди или Аркадијуш Милик“, пишува „Марка“.
Овој извор наведува дека на Атлетико им требаат пари за да го исплатат трансферот на Антоан Гризман. Мората немал ништо протв да се пресели во Барселона.
Мората сезонава настапил на 23 натпревари за Јувентус, постигнал седум гола. Кариерата ја започна во Реал Мадрид, а покрај во Јувентус и Атлетико играл и во Челси.
Доколку трансферот биде реализиран, Мората ќе биде единствениот играч кој играл за трите најголеми клубови во Шпанија.