Top Sport

Марка: Реал Мадрид не планира да плати ниту цент за Килијан Мбапе

Шансите на Реал Мадрид, конечно, да го добијат Килијан Мбапе една година откако ги одби и потпиша продолжување на договорот со Пари Сен-Ѓермен, се минимални, бидејќи Флорентино Перез не планира да плати никаква отштета за Французинот, тврди „Марка“.

Перез го цени повеќе Винисиус Жуниор отколку Мбапе во моментов, и смета дека доколку двајцата се борат за истата позиција во тимот само би се направил непотребен проблем во тимот. Токму затоа, тие се целосно задоволни од позицијата на Винисиус налеевото крило, и дури и Мбапе да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, Бразилецот би бил стартер.

Мбапе би можел да пристигне во Реал во текот на летото 2024, бидејќи во неговиот договор има опција за предвремен раскин, така што „кралевите“ се подготвени да чекаат и да видат каков ќе биде развојот на настаните.

Во меѓувреме, во текот на летото главна цел останува Џуд Белингем, кој ќе ги чини над 100 милиони евра, но и можно засилување на позицијата десен бек и во нападот.

Scroll to Top