Напаѓачот на Барселона, Бразилецот Фелипе Кутињо ќе остане на „Ноу Камп“, пренесува шпанска „Марка“. Барса ова лето се направи да го продаде, но се чини дека со завршувањето на преодниот рок во Англија, шансите Кутињо да замине од Барса пропаднаа.
Една од причините зошто челниците на каталонскиот клуб по секоја цена бараа нов клуб за Бразилецот е неговата астрономска плата од 14 милиони евра годишно. Кутињо е во лоши односи со навивачите.
Заинтересирани за него беа Арсенал и Тотенхем, но клубовите не најдоа заеднички јазик.
Неспорно е дека Бразилецот е квалитетен играч, па Каталонците се надеваат дека во сезоната што претстои подобро ќе функционира со навивачите и соиграчите.
На тренерот Валверде му е важно да има подолга клупа со оглед на големиот број мечеви кои ја очекуваат Барса во сезоната што претстои.
Transfers FC Barcelona: Coutinho stays https://t.co/UxW8fQTwWv pic.twitter.com/txdOSo0P8p
— En24 News (@En24News) August 11, 2019