Top Sport

„Марка“: Зидан има четири напаѓачи, ама му верува само на еден

Реал Мадрид со реми и со победа во воведните две кола ја започна одбраната на титулата во Серија А. Медиумите во Шпанија веднаш се распишаа за проблемите на Кралскиот клуб со напаѓачите.

Единствениот вистински напаѓач на кого тренерот Зидан му верува во моментов е Карим Бензема, пишува „Марка“.
Според ведникот, Јовиќ, Дијаз и Мајорал досега не се покажаа доволно за да го заменат Французинот.

„Зидан ова лето не бараше нов напаѓач. Плановите на Флорентино Перез е идното лето да го доведе Мбапе. Зидан му верува единствено на Бенземе и што се однесува до него, сите останати може да си заминат до крајот на преодниот рок“ – пишува шпанскиот спортски весник.

Наводно, Реал нема да ги стави сите ројца напаѓачи на трансфер листата, но доколку за некој од нив пристигне понуда, нема многу да се размислува.

За Јовиќ интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Херта, за Мајорал заинтересирани се Рома и Бенфика.

Scroll to Top