Мексиканскиот капитен Рафа Маркез стана само третиот фудбалер кој настапил на пет Светски првенства откако влезе како замена во славната 1:0 победа над Германија на „Лужники“ во неделата.
39-годишниот поранешен дефанзивец на Барселона им се приклучува на својот сонародник Антонио Карбахал (1950, 1954, 1958, 1962, 1966) и на германската легенда Лотар Матеус (1982, 1986, 1990, 1994, 1998) како рекордер откако имаше настапи на СП во 2002, 2006, 2010, 2014.
Сепак, иако Маркез е херој за мнозинството на мексикански фанови, зад себе носи и контроверзен „багаж“. На подготовките на Мексико за шампионатот и гостувањето на пријателска со САД, Рафа отсуствуваше бидејќи е на „црната листа“ на САД поради соработката со Раул Флорес Ернандез, еден од злогласните „барони на дрогата“ во Мексико, кој е дел од картелите „Синалоа“ и „Халиско“.
Сите банкарски сметки на Маркез во САД се блокирани, а ниту една американска компанија не смее да врши бизнис со него. Според американските извори, Маркез помагал да се „перат“ парите на Ернандез.
Фото: ЕПА
Rafa Marquez makes #WorldCup history pic.twitter.com/tll27S1UH6
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 17, 2018