Top Sport

Маркизио фудбалскиот леб ќе го заработува во Зенит

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Карло Маркизио е нов фудбалер на рускиот тим Зенит Санкт Петербург.

32-годишниот Италијанец замина од Јуве во август по 25 години приврзаност кој „старата дама“ за која одигра 389 пати, освојувајќи седум титули во Серија А и четири од Копа Италија.

„Немав сомнежи кога требаше да потпишам за Зенит. Го сакам клубот, ја сакам нивната амбиција. Кога заминав од Јувентус, ветив дека нема да играм за друг италијански клуб, но сакав да пронајдам место каде што се делат истите вредности“, вели Маркизио, кој потпиша двегодишен договор со клубот.

Фудбалерот од Торино, кој имаше сериозна повреда на коленото во април 2016 и паузираше шест месеци, лани имаше 20 настапи за Јувентус.

Scroll to Top