Top Sport

Маркизио: Му кажав на Погба дека згреши што отиде во Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио вели дека лично го искарал Пол Погба што ја направил грешката и заминал од Торино за да се врати во Манчестер јунајтед и додава дека се надева дека ќе ја поправи грешката.

„Минатата година се сретнавме на еден настан и го искарав велејќи му дека згрешил кога замина за Манчестер и дека требаше да остане со ’бјанконерите’. Сега, работите се сменети, но се надевам дека ќе се врати бидејќи тоа ќе биде добро за двата тима. Тој веќе ја познава Серија А и ќе го зголеми квалитетот на лигата“, вели Маркизио за „Спорт медијасет“.

Тој исто така му даде поддршка на тренерот на Јуве, Маурицио Сари за неговиот стил на фудбал.

„Секогаш ми се допаѓало неговото поимање на фудбалот, посебно во Наполи. Сега во Јувентус има многу голем притисок и не е лесно да се пренесат идеите. Но, го прави тоа што го бараат од него – на врвот на Серија А е и се бори за титула од ЛШ“, додава Маркизио.

Scroll to Top