Јувентус, конечно, успеа да се ослободи Марко Пјаца, откако 24-годишниот Хрват замина на позајмица во белгискиот Андерлехт, со опција за купување.
Пјаца, кој останува рекордер за Динамо Загреб, кои успеаја да го продадат за 23 милиони евра во 2016 година, требаше да замине на позајмица во Каљари, па во Сампдорија, но на крајот реши да замине во белгискиот гигант кому не му оди најдобро последните неколку сезони.
По 23 кола, Андерлехт е само на 11. место во белгиската лига со 24 поени помалку од лидерот Клуб Бриж.
Left Winger: check ✅ Say hello to Marko Pjaca! ?
? https://t.co/NpTe2B4LA0#RSCA #COYM pic.twitter.com/IYkamk9P5k
— RSC Anderlecht (@rscanderlecht) January 31, 2020