Top Sport

Марко Ројс како Коби, добро го владее балканското пцуење (видео)

Една од карактеристиките на луѓето од овие простори секако е користењето на непристојни зборови, а очигледно не помага ниту тоа да се родиш во САД на пример.

Ова најдобро се гледа на примерот на Кристијан Пулишиќ, американскиот фудбалер со хрватско потекло, кој убаво го научил својот соиграч од Борусија Дортмунд на сочни „пцости“ од балканските простори. Или можеби тоа го направиле неговите поранешни колеги, Босанецот Џенис Бурниќ или Србинот Невен Суботиќ.

„Ај јебем ти мајку“, вели Германецот на промотивното видео објавено од Борусија Дортмунд. Моментот можете да го погледате на 5:10.

Случајот секако наликуваше на тој на НБА ѕвездата Коби Брајант, кој неколку пати беше фатен на камера како пцуе на српски-хрватски-босански, исто така научено од клупските колеги. Некои зборови очигледно први се учат.

Scroll to Top