Top Sport

Марко Верати пие, пуши и се забавува, и останува фантастичен на теренот

Францускиот фудбалски новинар Жулиен Лорен постави интересно прашање – каков фудбалер би бил Марко Верати доколку ја имаше работната навика на петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо.

Италијанецот не може да го скрие својот стил на живот, кој вклучува пушење цигари, пиење алкохол и забави до раните утрински часови, што го прави „уништувањето“ на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во вторникот уште поимпресивно. Според Лорен, фудбалерот од средниот ред минатата недела „заглавил“ до шест часот наутро на забавата на Нејмар во Париз.

„Верати не беше 100 отсто подготвен, одигра само еден меч минатиот месец. Минатата недела се забавуваше до 6 часот со Нејмар, пуши цигари, пие алкохол и излегува на забави речиси секој ден од неделата. И потоа ќе излезе и ќе одигра ваков меч. Да живееше како Кристијано Роналдо, да ја имаше таа работна навика, не знам до каде ќе беше“, вели Лоран за „Би-би-си“.

Верати и ПСЖ вчера го победија Јунајтед со 2:0 со што имаат речиси сигурно поминување во четврт-финалето пред реваншот во Париз.

Scroll to Top