Левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо изјави дека “сакал да го искрши телевизорот“ додека го гледал извлекувањето на групите од овогодинешната Лига на шампионите, а во која нема неговиот тим нема да учествува.
Шпанецот додал дека болката поради неучествувањето ги направило “Сините“ уште помотивирани за оваа сезона да се вратат во првите четири најдобри екипи на Премиер лигата.
Катастрофалните резултати во периодот меѓу јануари и март минатата година значеја петто место за Челзи на крајот на сезоната, а дури ни освојувањето на ФА Купот не можеше да надомести за неуспехот на клубот да се пласира во Лигата на шампионите по втор пат во последните три години.
Наместо тоа, Челзи ќе учествува во Лигата на Европа во група со тимотивте на ПАОК, БАТЕ Борисов и Види.
“Кога го следите извлекувањето на групите од Лигата на шампионите на телевизија и вашиот тим не е таму, лично сакав да го искршам телевизорот“, изјавил Алонсо за шпанската радиостаница Онда Черо. “Се надевам дека ова е лекција за нас да се бориме оваа година и да се натпреваруваме за Премиер Лигата и да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Мислам дека минатата сезона заслуживме повеќе и навистина е штета што не сме во натпреварувањето оваа сезона“, додал тој.