Маркос Љоренте е фудбалерот од средниот ред кој навивачите на Реал Мадрид го чекаа долго време, пишува „Марка“ импресионирана од финалето на Светското клупско првенство во Обединетите Арапски Емирати, но и од работната етика на 23-годишниот Шпанец.
23-годишниот Љоренте не добива многу шанси во Реал бидејќи на неговата позиција е Касемиро и кога доби шанса против Ал-Аин постигна еден гол и беше несомнено ѕвезда на мечот. И како прослави? Со тренинг во пустината! Секоја чест.
Инаку, Љоренте и неговото семејство имаат нераскинливи врски со „кралскиот“ клуб. Неговиот татко Пако Љоренте и чичкото на неговото татко Франциско Генто беа фудбалери на кралскиот клуб, додека неговиот дедо од мајчината страна Рамон Гросо беше напаѓач на клубот.
Фото: ЕПА