Top Sport

Мароко и Габон со реми, дебитантите Комори го исфрлија четирикратниот шампион Гана

Откако на стартот на Африканскиот куп на нации имаше забележително отсуство на голови, со голем број на мечеви кои завршија 1:0, последното коло во групата Ц не разочара со 9 гола на два меча.

Фаворитите Мароко и Габон ги освоија првите две места во групата откако одиграа интересно 2:2 реми, додека аутсајдерот Комори (Коморски Острови) со 3:2 во драма ја совлада Гана, елиминирајќи ја од натпреварувањето и освојувајќи го третото место од кое ќе чекаат пласман во нокаут фазата.

Џим Алевина ги донесе Габон во водство во 21. минута, пред Мароко да израмни од пенал преку Софијан Буфал во 73. минута. Во 81. минута, Габон повторно дојде во водство, овојпат со автоголот на Агуер, пред ѕвездата на ПСЖ, Ашраф Хакими да израмни две минути подоцна за прво место во групата.

Коморите, пак, дојдоа во водство со голот на фудбалерот на Црвена звезда, Ел Фарду Бен во 4. минута од мечот, а Гана остана со играч помалку во 23. минута кога ветеранот Андре Ају доби црвен картон. Ахмед Моњи го удвои водството на Коморите во 62.минута, но Гана се врати со два гола на Боакје (64.) и Џику (77.), пред Моњи со уште еден гол да обезбеди славна победа.

 

ГАБОН – МАРОКО

КОМОРИ – ГАНА

Scroll to Top