Top Sport

Марота: Интер го сменија Конте со Инзаги за неколку часа

Директорот на Интер, Бепе Марота признава дека на „нераѕурите“ им биле потребни само неколку часа да го заменат Антонио Конте со Симоне Инзаги, но додава дека никој во клубот не треба да се чувствува предаден од Конте, сегашниот менаџер на Тотенхем.

Конте лани им го направи тимот со кој го освоија скудетото, но Инзаги продолжи со одличната работа – Интер првпат се во осминафиналето на ЛШ по пауза од 10 години и само четири поени зад лидерите во Серија А, Наполи.

„Не сме изненадени од работата на Инзаги, бидејќи знаевме дека ги има човечките квалитети кои се потребни за да се биде тренер на Интер. Го познававме и ги избравме за неколку часа да го замениме Конте. Доколку го продолжеше договорот со Лацио ќе беше покомпликувано, но сакавме италијански тренер бидејќи имаме поинакви побарувања од другите клубови“, вели Марота.

Конте си замина од Интер по две сезони откако не се согласуваше со трансфер-политиката на клубот, односно со продажбата на Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку, но Марота вели дека тој не го предал клубот.

„Фудбалот е таков, понекогаш има некои изненадувачки промени и мораме да признаеме дека Конте донесе одредени вредности во нашиот клуб“, додава Марота.

Scroll to Top