Top Sport

Марота: Кога ги средив синот на Гадафи и Касано, немаше проблем со Икарди

Директорот на Интер, Џузепе Бепе Марота вели дека користел „дипломатија“ да го реши проблемот на Мауро Икарди со клубот, но ниту тој не открива зошто му била одземена капитенската лента на Аргентинецот, додавајќи дека „има некоја динамика која не можеше да биде јавна“.

Напаѓачот се врати на тренинзи оваа недела, откако претходно тој и неговата сопруга и агентка Ванда Нара вети дека тој нема да игра додека не му биде вратена капитенската лента која му беше одземена на 13 февруари. По преговори со Нара и со нивниот адвокат, Икарди се согласи да тренира и најверојатно ќе игра овој викенд.

„Мојот прв претседател на клуб, Колантуони ме викаше Кисинџер.Познат сум по мојата дипломатија и по решавањето на проблемите со лидерите. На крајот, јас го имав Антонио Касано и синот на Муамер Гадафи во ист тим. Овојпат, само ги смирив тензиите за доброто на сите“, вели Марота.

Тренерот Лучано Спалети и клубот никогаш не објаснија зошто му ја одземаа капитенската позиција и му ја дадоа на голманот Самир Хандановиќ.

„Во секој клуб има работи кои не можат да бидат јавни. Одлуките мораат да бидат правени со чувство на одговорност. Не сакавме да казниме никого, тоа е факт. Дојдовме до оваа позиција бидејќи нашата работа е да го заштитиме тренерот и да се почитува ’заедништвото’ во тимот. Не зборувам за Икарди, туку општо. Ако сакате резултати, потребен е тимски дух и тоа мора да го почитуваат сите“, вели Марота.

Scroll to Top