Top Sport

Марсеј до неверојатна победа над Стразбур (видео)

Олимпик Марсеј стигна до супер-драматична 3:2 победа над Стразбур во најинтересниот дуел од седмото коло на француската Лига 1, откако двата тима постигнаа по еден гол во последните моменти од мечот.

Кени Лала по одличен контра-напад им носи предност на гостите во 27. минута, но Марсеј се враќа преку пенал во 41. минута кој лесно го комплетира Димитри Паје, пред во финишот на полувремето Сансон да направи пресврт за Марсеј.

Сепак, домаќините во 52. минута остануваат со играч помалку по црвениот картон на Амави, по што Стразбур израмнува во 89. минута преку Да Коста, за уште подраматично Валер Жерман во 92. минута да донесе победа за домаќините.

ЛИГА 1, 7.КОЛО

Амиен – Рен 2:1

Бордо – Лил 1:0

Каен – Монпелје 2:2

Дижон – Лион 0:3

Марсеј – Стразбур 3:2

Ним – Генгам 0:0

Scroll to Top