Top Sport

Марсеј го израмнија „црниот рекорд“ во ЛШ

Трет натпревар и трет пораз за Олимпик Марсеј оваа сезона во Лигата на шампионите. Не само што Марсеј нема ниту еден бод, во Ц-групата, туку неговите играчи се уште не постигнале гол.

Синоќа, Марсеј гостуваа во Порто и забележаа пораз од 3:0. Францускиот тим го израмни „црниот рекорд“ на Андерлехт кој во периодот од 2003 до 2005 година бил поразен на 12 натпревар по ред во Лигата на шампионите.

Олимпик Марсеј, последен пат во елитното натпреварување, победила во 2012 година против Интер. Од тој меч до денес имаат 12 порази.

„За да бидете по….и во Лигата на шампионите морате да се пласирате во натпреварувањето. Ние го направивме тоа и сега сме по….и“, рекол тренерот Андре Вилас-Боаш по поразот од својот поранешен тим.

Во наредната рунда, Марсеј ќе го пречека Порто на 25.ноември.

 

Scroll to Top