Дербито во третото коло на француската Лига 1 имаше драматична завршница, откако Олимпик Марсеј се врати од негатива за 3:2 победа над Монако на „Луј Втори“ со гол во финишот на натпреварот.
Гостите први дојдоа во водство во финишот на полувремето преку Костас Митроглу, кој одлично налета на нафрлената топка на Димитри Паје, меѓутоа, „кнезовите“ направија пресврт на почетокот на второто полувреме. Прво Јан Тилеманс ја искористи трапавата реакција на одбраната на гостите во 48. минута, за само пет минути подоцна по уште една грешка на Олимпик, Радамел Фалкао да постигне гол за 2:1.
Флоријан Тован беше човекот за пресврт на Марсеј. Тој прво во 74. минута израмни на 2:2, за во 90. минута по неговиот корнер, Валер Жерман да донесе три поени за Марсеј.
Марсеј сега е на петотто место на табелата со 7 поени по четири кола, пет помалку од лидерот ПСЖ, додека Монако се 13. со само четири освоени поени.