Top Sport

Марсело Биелса доби улица во Лидс

Марсело Биелса, човекот што по пауза од 16 години го врати Лидс Јунајтед во Премиер лигата, доби улица во овој.

Аргентинецот седна на клупата на Лидс минатата сезона. Во првиот обид не успеа да се пласира во Премиер лигата, Лидс испаднаа во плеј-офот од Дерби каунти, но оваа сезона ја заврши на првото место во Чемпионшип.

„Ова е фантастичен момент за градот, пресреќни сме што Лидс се врати во Премиер лигата. За краток рок менаџерот ги сврте работите во клубот, ги заслужва сите честитки. Поради тоа сме неизмерно среќни што оваа улица во иднина ќе се вика „Патот на Марсело Биелса“, рекол Дејвид Морисон објавувајќи ја одлуката на градските власти една од улиците во центарот на градот да го носи името на аргентинскиот тренер.

Scroll to Top