Марсело, левиот бек на Реал Мадрид, не се откажува од намерата по завршувањето на сезоната да го напушти клубот. Зинедин Зидан не успеал да го премисли Бразилецот, кој наводно веќе се договорил со Јувентус.
Марсело, еден од клучните играчи на Зидан, во походот на трите титули во Лигата на шампионите, сезонава е само сенка од играчот за кого многумина сметаа дека е најдобриот на својата позиција.
Поради лошата форма, претходникот на Зидан, Сантијаго Солари, го пресели на клупата на резерви. Незадоволен од таквиот третман, Марсело, најави дека ќе го напушти клубот.
Враќањето на Зидан нема да го премисли во намерата по 12 години да замине од Мадрид.
За неговиот трансфер Јувентус ќе треба да издвои околу 40 милиони евра, а Бразилецот веќе договорил годишна плата од 12 милиони евра.