Top Sport

Марсело: На Реал не му требаат засилувања

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, рекол дека на „кралскиот клуб“ повеќе не му се потребни засилувања за новата сезона и дека тимот е способен да освојува трофеи.

„Нашата екипа е добра. Секогаш е тешко да се освојуваат трофеи, но доколку се фокусираме на работата и тренинзите, можеме сè да освоиме. Не ни се потребни нови засилувања“, рекол Марсело.

Реал сезоната ја започнаа со убедливата победа од 3-1 над Селта во Виго, а левиот бек проговорил и за критиките упатени на негова адреса.

„Навикнат сум да ме критикуваат, тоа се случува од моментот кога дојдов во клубот. Секогаш е така, самиот знам кога играм добро, а кога не. Знам дека ми е потребна напорна работа за да се врататм на своето најдобро ниво“, заклучил Бразилецот.

Реал Мадрид во летниот преоден рок потрошија 300 милиони евра на нови играчи, а во финишот на трансфер перидот клубот се поврзува со Нејмар.

Scroll to Top