Top Sport

Марсело: Топката ме погоди в рака, беше пенал (Видео)

Реал Мадрид, синоќа, избори пласман во финалето во Лигата на шампионите, каде ќе ги брани титулите освоени во последните две сезони.

Мадридскиот тим со вкупен резултат 4-3, во полу-финалниот двомеч, го елиминира Баерн Минхен.

И овој натпревар, како и претходниот на „Сантијаго Бернабеу“ против Јувентус, не можеше да мине без драма и контроверзни одлуки на судиите.

Откако Баерн по три минути игра постигна гол преку Кимих, а осум минути подоцна Бенезема израмни, во судиското надополнување на времето во првото полувреме, Баварците не добија пенал.

Кимих нафрли од десната страна, топката го погоди Марсело во раката, главниот судија Чакир и двајца негови помошници јасно ја видоа ситуацијата, но Турчинот досуди само корнер за Баерн.

„Да, играв со рака и мислам дека требаше да биде досуден пенал. Би лажел доколку сека кажам нешто друго, таков е фудбалот. Не сакам никогаш да го коментирам судењето. Никогаш нешто ќе досудат за тебе, некогаш за противникот, но шшто и да се случи мораш да продолжиш да играш“, рекол Марсело по натпреварот.

Во второто полувреме, веднаш на почетокот Бензема ја искористи катастрофалната грешшка на голманот Улрајх и му донесе предност на Реал, потоа израмни Хамес Родригез, а до крајот на мечот Кејлор Навас со неколку брилијантни одбрани му овозможи на Реал оповторно да игра во финалето.

Scroll to Top