Еден од најинтересните индивидуални дуели во финалето од ЛШ меѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе биде пресметката меѓу Марсело и Мохамед Салах, и дефанзивецот на „Лос бланкос“ е сигурен дека ќе има само еден победник.
Салах, кој ги собра сите индивидуални награди во Англија по фантастичната сезона, е во најдобра форма во кариерата, но Бразилецот не е застрашен.
„Знам точно што треба да направам и како да му помогнам на мојот тим. Ливерпул се фантастичен тим кој има добра сезона, и мораме да мислиме на еден тим, а не еден или двајца фудбалери“, вели Марсело.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали Марсело дека „воопшто не мора да се брани“, и Бразилецот не сака да го анализира својот стил.
„Не сум го слушнал тоа, но секој има право да има свое мислење. Јас сум пресреќен со мојата игра, како и моите колеги, тренери и тие во репрезентацијата. Работам со скромност и искреност и немам што да докажувам. Двата тима се слични и сакаат да напаѓаат и ќе видиме што ќе се случи Ќе биде интересно за тие кои се страсни за фудбалот“, додава Бразилецот.