Менаџерот на Лидс јунајтед, Американецот Џеси Марш влезе во неочекуван напад на неговиот претходник, легендарниот Марсело Биелса, односно на неговите познати брутални методи на тренираање.
Поранешниот тренер на РБ Лајпциг го замени Аргентинецот Биелса во февруари, по низата лоши резултати на „Еланд роуд“, иако Биелса во 2020/21 ги врати во Премиерлигат по 16-годишно отсуство.
„Проблемите со повредите доаѓаа од методите на тренинзите. Овие играчи беа премногу тренирани и поради тоа беа ментално, физички и емоционално на лошо место секој недела. И јас се фокусирам на тренинзите, но сакам да имам здрави, силни и фит играчи кои можат да играат на ова ниво. Им се забележуваше на лицата – веќе во 15-тата минута дел од нив беа до максимум“, вели Марш.
? “The #LUFC injury issues had a lot to do with the training methodologies.”
? “These players were over-trained!”
? “Which led to a physically, mentally, psychologically, emotionally difficult place.”
@JesseMarsch hints that Marcelo Bielsa worked his players too hard. ? pic.twitter.com/YG5n45HFTA— talkSPORT (@talkSPORT) April 12, 2022