Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал ѝ се извини на својата свршеница Мелани да Круз откако според шпекулациите во француските медиуми спиел со една француска манекенка додека неговата партнерка била трудна.
Марсијал на Инстаграм објави фотографија со Да Круз и со следниот текст: „Би сакал да им се извинам на моите роднини, моето прекрасно семејство и посебно на мојата свршеница за штетата која ја направив последните месеци. Направив грешки, навистина ми е жал, и нема да се повтори“.
Шпекулациите велеа дека Марсијал прво разменувал СМС пораки со манекенката Малика Семичи додека Да Круз беше во осмиот месец на бременоста, по што имал афера со 20-годишната Семичи во еден хотел во Париз.
Да Круз се породи со првото нејзино дете, момчето Свон во јули, а Марсијал има уште една ќерка, Пејтон, од претходната врска со љубовта од детството, Саманта Жакелине. Ова лето, Манчестер јунајтед го казни Марсијал откако тој своеволно ја напушти американската турнеја на клубот за да биде со Да Круз додека се пораѓа. Сепак, проблемите беа надминати по отказот за Жозе Мурињо и Марсијал потпиша нов договор до летото 2024 година, откако постигна 11 гола во 28 настапи оваа сезона.