Top Sport

Марсијал ги одбил Јуве и Барса за да се приклучи на Севилја

Антони Марсијал тврди дека одбил понуди од Јувентус и Барселона за да прифати да оди на позајмица од Манчестер јунајтед во Севилја, бидејќи тоа било „најдобра опција“ за него и за неговото семејство.

26-годишниот Французин го загуби стартното место на „Олд Трафорд“ оваа сезона и сега доби шанса да игра за  Севилја, велејќи дека борбата за шпанската титула го инспирира.

„Вистина е дека Јувентус се обидоа да поптишат со мене. Зборуваа со мојот агент, но му кажав дека ја преферирам Севилја, бидејќи тоа е најдобра опција за мене и моето семејство. Барселона исто така го контактираа мојот агент, но повторно им кажав кој клуб ми е приоритет. Не го сменив мислењето, а кога ќе го дадам мојот збор, сакам да го исполнам“, вели Марсијал.

Scroll to Top