Top Sport

Марсијал ја избрал Севилја пред Јуве, и тоа за помалку пари

Антони Марсијал е на чекор од заминување од Манчестер јунајтед во Севилја на позајмица, тврдат шпанските и англиските медиуми, откако се согласил на намалување на платата и го избрал шпанскиот клуб пред Јувентус.

26-годишниот француски напаѓач стартуваше само два меча од Премиерлигата оваа сезона и побара трансфер, а неодамна менаџерот Ралф Рангник тврдеше дека одбил да биде дел од тимот за мечот со Астон вила, нешто што го демантираше самиот фудбалер.

Според шпанските медиуми, Јувентус му понудиле на Марсијал повисока плата, но Французинот ја избрал Севилја, бидејќи сметал дека тие имаат шанси во борбата за шпанската титула со Реал Мадрид – Севилја се втори зад Мадрид со 4 поени заостанување.

Марсијал постигна 79 гола во 269 настапи аз Манчестер јунајтед по преселбата од Монако во 2015 за 36 милиони фунти. Тој има договор со „ѓаволите“ до 2024 со опција за уште една година.

Scroll to Top