Францускиот репрезентативец Антони Марсијал летово би можел да го напушти Манчстер јунајтед една година пред истекот на договор.
За крилниот напаѓач, како што пишува „Газета дело спорт“, најголем интерес покажуваат Јувентус и Баерн Минхен, а некои свои комбинации има и Атлетико Мадрид.
Јувентус го сака Марсијал како замена за Марио Манџукиќ, додека Баерн смета дека тој може да биде наследникот на Аријан Робен и Франк Рибери кои се на залезот на своите кариери.
Марсијал е младинец на Олимпик Лион, меѓутоа професионалната кариера ја започнал во Монако во 2013 година.
Тој во 2015 година, во финишот на преодниот рок за сума од 49 милиони евра од Монако се пресели на „Олд Трафорд“.
За Франција има одиграно 18 натпревари.