Top Sport

Марсијал: Лага е дека Роналдо прави раздор во соблекувалната

Антони Марсијал вели дека не се точни извештаите во британските медиуми дека присуството на Кристијано Роналдо прави раздор во соблекувалната на Манчестер јунајтед.

Веднаш по враќањето на Роналдо на „Олд Трафорд“ во текот на летото, почнаа да се појавуваат вести дека Португалецот има своја група на фудбалери која постојано го поддржува и дека не е во најдобри односи со англиските фудбалери во клубот. Сепак, Марсијал, кој во јануари замина на позајмица во Севилја, вели дека тоа е е вистина и дека сите во клубот го сакаат Роналдо.

„Кристијано е врвен професионалец, еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Сите го сакаме. Има работи во англиските медиуми кои едноставно не беа вистинити. Бев во таа соблекувална и добро знам што се случуваше“, вели Марсијал во интервју за шпанскиот „АС“.

Scroll to Top