Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал одбил неколку понуди за продолжување на договорот со англискиот клуб, тврди францускиот „РМЦ спорт“, сметајќи дека го „губи времето“ во тимот од „Олд Трафорд“.
Марсијал сакаше да замине од клубот во текот на летото, но 20-кратните англиски шампиони не сакаа да се откажат од услугите на Французинот и покрај неговиот конфликт со менаџерот Жозе Мурињо и сакаа да го обврзат со нов договор. Иако тој уште размислува, засега вестите не се добри за фановите на Јунајтед.
Договорот на 22-годишниот Марсијал со Јунајтед завршува во јуни 2020 година. Тој во текот на летото влезе во остар конфликт со Мурињо, кој го казни откако тој замина од американската турнеја на клубот бидејќи му се роди дете.
Иронично, тој можеби го спаси Мурињо од отказ, откако постигна гол при 3:2 победата над Њукасл, откако губеа 0:2 на полувреме.