Top Sport

Марсијал „воопшто не е заинтересиран“ за Њукасл

Антони Марсијал сака да замине од Манчестер јунајтед за да добие шанса да игра повеќе пред Светското првенство во Катар, но воопшто не е заинтересиран за трансфер во супер-богатиот Њукасл јунајтед, тврди „Дејли телеграф“.

26-годишниот Французин е со Јунајтед од 2015 година кога тие го купија за 36 милиони фунти од Монако, но оваа сезона има само два старта во Премиерлигата и четири вкупно во сите натпреварувања. Тој беше поврзуван со повеќе клубови, како Севилја и Барселона, но јасно им кажал на своите агенти дека Њукасл не е клуб за него.

Њукасл се подготвуваат да го комплетираат првото засилување по купувањето од страна на саудиските инвеститори, откако Киеран Трипиер веќе пристигна во Англија да го комплетира трансферот од 12 милиони фунти од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top