Top Sport

Мартинели: Барса и Манчестер јунајтед, едноставно, не ме сакаа

Ѕвездата на Арсенал, Габриел Мартинели открива дека Барселона и Манчестер јунајтед, едноставно, не верувале во неговиот талент пред да добие шанса кај „топчиите“. 21-годишниот Бразилец бил одбиен од двата фудбалски гиганти со кои бил наа тест каако тинејџер, пред Арсенал да му дадат шанса и да го купат за 6 милиони фунти од Итуано во 2019 година.

Довербата на „топчиите“ се исплтеше, откако тој стан клучен играч во тимот на Микел Артета, а исто така направи доволно за да биде повикан во составот на селекторот Тите за Мундијалот во Катар.

„Отидов во ‘Ла масија’ во Барселона. Тренирав со Ансу Фати и станавме добри пријатели, но по 15 дена, тие едноставно не ме сакаа. Истото беше во Манчестер јунајтед. Таму оговорот не беше ‘можеби’ или ‘можеби подоцна’, туку едноставно не сме заинтересирани. Четири-пет месеци подоцна Арсенал ми даде шанса“, вели Мартинели, кој оваа сезона има 5 гола и 2 асистенции за Арсенал.

Scroll to Top