Top Sport

Мартинез: Батшуаи беше подготвен и во Челси!

Белгискиот селектор Роберто Мартинез вели дека неговиот фудбалер Мичи Батшуаи бил подговен да прави големи работи и во Челси, но е среќен што тој си најде среќата во Борусија Дортмунд.

Батшуаи честопати беше критикуван од навивачите на „Сините“ и од менаџерот, Антонио Конте, за на крај да биде позајмен на Борусија Дортмунд како дел од договорот со кој Пјер-Емерик Обамејанг замина во Арсенал, а Оливие Жиру дојде во Челси како замена за Батшуаи.

24-годишниот Батшуаи блесна во Германија, и има пет гола во четири натпревари за БВБ и Мартинез е исфрустриран.

„Да се игра на Светското првенство е уникатен момент за секој фудбалер, но мораш да покажуваш што знаеш во својот клуб за да бидеш избран. За Мичи не беше толку важно останувањето во Премиер лигата, туку добивање шанса да игра и да има влијание. Тој беше подготвен и во Челси, но конкуренцијата беше голема. Сега, можете да видите дека е среќен и тоа е најважно“, вели Мартинез.

Scroll to Top