Top Sport

Мартинез контра критичарите кои сметаа дека е пренизок за Премиерлигата

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лисандро Мартинез прати порака до критичарите кои сметаа дека тој не е доволно висок за настапи во Премиерлигата по неговиот трансфер од Ајакс.

„Ѓаволите“ платија 46.5 милиони фунти за Аргентинецот, и по првите два меча во Премиерлигата, кои Јунајтед ги загубија, многу коментатори сметаа дека тој едноставно не е доволно физички силен за настапи во англиската елита. Но, оттогаш, Мартинез импресионираше покрај Рафаел Варан во одбраната на Јунајтед.

„Да бидам искрен, за мене е остварување на сонот да играм за толку голем клуб како Манчестер јунајтед, посебно бидејќи Премиерлигата е најдобрата лига на светот. Убаво е да се фати ритамот на натпреварување во Англија и јас сум задоволен. Не се осврнувам на критичарите. Верувам во себе и во мојот тим. Секогаш сум работел за да ги остварам целите и така ќе биде и таму“, вели Мартинез за „ТуC спортс“.

Scroll to Top