Top Sport

Мартинез воодушевен од Меси: Се гледа дека постојано не сака

Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез е воодушевен што Лионел Меси отпатувал со репрезентацијата во Боливија и покрај тоа што бил повреден, велејќи дека тоа докажува дека уште ги сака.

Аргентинскиот капитен Меси беше заменет во финишот на мечот против Еквадор во четвртокот поради повреда, но наместо да се врати во Мајами, отпатува со тимот во Ла Паз за мечот со Боливија, кој Аргентина го доби со 3:0.

„Уште е гладен. Тоа е истиот капитен кој можеше да си оди дома, но реши да дојде со нас. Тоа не прави горди, тоа што постојано не сака и е покрај нас. Горд сум што сум дел од овој тим“, вели Мартинез.

Scroll to Top