Top Sport

Мартино: Меси и Бускетс не доаѓаат во Мајами на одмор

Новиот тренер на Интер Мајами, Херардо „Тата“ Мартино признава дека неговиот тим мора да го крене нивото по слабите резултати, но посочи дека новите засилувања Лео Меси и Серхио Бускетс, со кои работеше во Барселона, не доаѓаат на Флорида на одмор.

Мартино беше потврден за нов тренер во средата, заменувајќи го Фил Невил на клупата на тимот во сопственост на Дејвид Бекам, откак се на последното место на Источната конференција во МЛС.

„Зборував со Лео и со Серхио и зборувавме за успешност, за пристигнување тука за натпреварување. Знам дека некои имаат ментална слика на САД, Мајами, одмори… Ова не е тоа. Тие се фудбалери и не доаѓаат на одмор“, вели Мартино, кој работеше со Бускетс и Меси во Барса од 2013 до 2014 година, по што работеше во САД како тренер на Атланта јунајтед од 2017 до 2018.

Интер Мајами имаат серија од седум порази во низа, и имаат 16 натпревари во регуларната сезона, за да скокнат од 15. место барем на 9. за да влезат во плејофот.

Scroll to Top