Top Sport

Масаро тврди: Икарди ќе оди во Реал наредното лето

Мауро Икарди блеска оваа сезона во Серија А, а таквите партии во дресот на Интер би можеле да му донесат трансфер во мадридски Реал.

Италијанскиот коментатор Дниеле Масаро тврди дека во летниот преоден рок Аргентинецот ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Икарди че биде играч на Реал Мадрид од наредната сезона. Ќе дојде на местото на Карим Бензема“, изјавил Масаро за шпанските медиуми.

Икарди има 24 години, а во Интер пристигна пред четири години од Сампдорија. Во меѓувреме стана и капитен на Интер, а оваа сезона на 13 натпревари во Серија А има постигнато исто толку голови.

Scroll to Top