Top Sport

Машкиот и женскиот тим ќе одлучуваат дали Гринвуд заслужува втора шанса

Манчестер јунајтед ќе ги праша за свое мислење членовите на нивниот машки и женски тим пред да одлучи каква ќе биде иднината на Мејсон Гринвуд во клубот, по шпекулациите дека Фенербахче се подговени да му дадат шанса на 21-годишниот талент на „ѓаволите“.

Сите кривични обвиненија за силување, насилно однесување и закани за убиство против Гринвуд беа повлечени од полицијата и обвинителството по добивањето на нови докази и повлекувањето на дел од сведоците, но клубот уште не одлучил да го врати фудбалерот во својот состав.

Гринвуд, кој е во Јунајтед од својата седма година, прво ќе треба да помине низ процес на интерна истрага во клубот, кој вклучува и мислење на членовите на тимот. Според „ЕСПН“, поголемиот дел од фудбалерките на Јунајтед не сакаат човек кој бил обвинет за обид за силување да биде вклучен во тимот, додека во машкиот тим има поделеност.

Scroll to Top