Top Sport

Маскерано: Ливерпул не ги исполнија ветувањата, си заминав со горчина

Хавиер Маскерано, конечно, проговори за своето неубаво заминување од Ливерпул во 2010 година и призна дека морал сам да се погрижи да му дадат трансфер откако „црвените“ ги прекршиле ветувањата.

Аргентинецот пристигна на „Енфилд“ од Вест хем во 2007 и помина три сезони на Мерсисајд каде што стана еден од најдобрите дефанзивни фудбалери од среден ред под Рафа Бенитез. Но, кога во тимот пристигна Рој Хоџсон, тој си замина поради „семејни причини“.

„Имаше договор со Ливерпул, дека ако добијат пристојна понуда, ќе ми биде дозволено да заминам. Зборувавме за продолжување на договорот, но чувствував дека директорите не се грижат за мене, кога дојде Рој Хоџсон. Кога добија понуда, тие не го исполнија својот збор и затоа одбив да играм против Манчестер сити. Му кажав на тимот дека сакам да заминам поради семејни причини и бев лут што морав да направам така, но тие немаа намера да ме пуштат“, вели Маскерано.

По ова тој направи трансфер од 22 милиони фунти во Барселона, каде што стана легенда на клубот, освојувајќи пет титули од Ла лига и две од Лигата на шампионите. 36-годишниот Аргентинц се пензионираше минатата година.

Scroll to Top