Хавиер Маскерано дефинитивно ќе ја напушти Барселона на 31.јануари наредната година. Откако се посоветувал со Лео Меси популарниот Хефасито решил по осум години да замине од „Ноу Камп“.
Заминувањето на Маскерано се најавуваше последните месеци, откако новиот тренер Ернесто Валверде реши дека во одбраната треба да играат Пике и Умтити. Повредата на Умтити, кој ќе паузура два месеци, за момент само го одложи заминувањето на Аргентинецот.
Сепак по разговорот со Меси тој ја потврдил одлкуата за заминување од клубот.
Маскерано на 31.јануари ќе го напушти „Ноу Камп“, а во моментов има две опции каде ќе ја продолжи кариерата. Прват е да се пресели во Кина, во екипата на Хебеи Форчн каде би играл за годишна плата од речиси 13 милиони евра, а втората е да се врати во Аргентина.
Менаџер на Хебеи е Мануел Пелегрини, а во клубот играат Лавеци, Жервињо, Мбиа и Алосио. Минатата сезона Хебеи ја заврши на четвртото место, а во новата сезона клупските амбиции се атак на шампионската титула.