Дамбартон и Инвернес каледонијан тистл се судрија во финалето на шкотскиот Челенџ куп на „Мекдиармид парк“ во саботата, а пред мечот Инвернес решија да ја претстават својата нова маскота со познато име – Лионел Неси.
Комбинација на имињата на суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси и „чудовиштето“ од шкотските езера „Лох Нес“, Неси, новата маскота е зелено „нешто“. Неси имаше победнички старт, откако Инвернес победија со гол во последните секунди во играта.
Интересно е да се види дали вистинскиот Лионел Меси ќе реши да ги активира своите адвокати.
New mascot Lionel Nessi is making his debut with us today! #ICTFC pic.twitter.com/I56fccLeSv
— Official ICTFC (@ICTFC) March 24, 2018