Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата смета дека неговиот поранешен соиграч од Челси, Еден Азар е најголемиот фудбалер во историјата на Премиер лигата. Мата играше со Белгиецот само 18 месеци на „Стемфорд бриџ“ пред да се пресели во Јунајтед во 2014, но тоа било доволно да го убеди дека 31-годишниот Белгиец е „посебен талент“.
„Најдобриот во Премиер лигата? Мислам, обожавав да играм со и против Еден Азар. За мене, тој беше најдобриот во лигата, знаеше сам да донесе победа. Тренирав со него и знам колку беше добар. Почетокот со Реал Мадрид не тргна најдобро бидејќи имаше повреди, но сигурен сум дека ќе го покаже своето ниво кога фудбалот ќе се врати“, вели Мата.
Азар си замина од Челси минатото лето за 100 милиони евра, а неодамна призна дека се мачи со вишокот килограми во текот на опоравувањето од повредата во карантин.
Азар призна дека во карантин се мачи со избегнувањето на фрижидерот