Италијанските медиуми, пред сите „Кориере дела сера“, најавуваат дека шампионот Јувентус се подготвува за сензационален трансфер. „Старата дама“ наводно е подготвена да го донесе најдобриот играч на големиот ривал Интер, Мауро Икарди.
Според „Кореиере дела сера“, раководните луѓе на Јувентус биле подготвени за Икарди да платат 50 милиони евра и во Интер да го испратат неговиот сонародник Гонзало Игуаин, за кого веруваат дека вреди 60 милиони евра.
Откупната клаузула на Икарди изнесува точно 110 милиони евра.
Икарди сезоната, во која Интер во фото-финишот избори пласман во Лигата на шампиони, ја заврши со 29 гола.