Голот што Кристијано Роналдо го постигна против Сампдорија во средата и понатаму е тема во спортските кругови.
ЦР7 скокна неверојатни 71 сантиметар од земјата по нафрлањето на Алекс Сандро за да го постигне победничкиот гол за 2:1 триумф. Беше пресметано дека тој стигнал до 2.56 метри со скокот и дека бил во воздух цела секунда.
Во лавината на коментари по социјалните мрежи веројатно најинтересен е оној на поранешниот фудбалер на Интер, Марко Матераци.
На „Инстаграм“ тој ја споделил фотографијата на голот на Роналдо, но и на голот што тој го постигнал во дресот на Италија.
Под фотографијата Матераци оставил интересен коментар: „Скоро како мене“.
„Браво ЕР ЦР7, скоро како мене. Ти честитам на голот“, напишал Матераци.
View this post on Instagram
Bravo Air CR7 ….. quasi come me ??Complimenti per il gol !!! #fenomeno @cristiano @nike @inter