Top Sport

Матераци: Мурињо ми беше штит, татко, брат…

Марко Матераци очигледно уште има огромна почит за Жозе Мурињо, откако заедно беа дел од славната генерација на Интер која ја освои тројната титулата во 2009/10 (Серија А, Копа Италија, Лига на шампиони) во екипа во која беше и македонската фудбалска легенда Горан Пандев.

Во Инстаграм разговор со Себастијан Фреј, Матераци зборуваше за големата почит која ја има кон португалскиот тренер.

„Мурињо беше штит, пријател, татко и брат. Ќе не парчосаше исто така кога беше потребно, но знаеше кога е потребно да се направи тоа и резултатите беа очигледни. Со него престанав да играм фудбал, но секогаш имавме меѓусебна почит. Знаев дека и да бидам потребен на само еден меч, тоа ќе биде бидејќи тој така сакаше. Беше тешко да се следи Мурињо“, вели Матераци.

Scroll to Top