Павел Недвед, еден од директорите на Јувентус, доби жесток одговор од поранешниот фудбалер на Интер, Марко Матераци, поради една своја надмена изјава за „ДАЗН“.
Недвед говорел за доминацијата на Јувентус во Серија А. „Старата дама“, ги освои последните девет титули во Италија.
„Скудето? Мојот син беше средношколец кога ја освоивме првата од деветте титули. Сега вози автомобил и оди на факултет, а титулата се уште е во наши раце“, реко Недвед.
Оваа негова изјава, на социјалните мрежи, ја коментирал Матераци.
„Павел…Се надевам дека твојот син, пред да го заврши факултетот ќе доживее и да ја освоите Лигата на шампионите. Моите деца одеа во градинка и во освновно училиште кога Интер беше шампион на Европа“.