Top Sport

Матеус: Баерн Минхен никогаш немал посилен тим

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус откако неговиот поранешен клуб, Баерн Минхен го исфрли Пари Сен-Жермен во осминафиналето на Лигата на шампиони, вели дека доколку сите играчи на Баварците се здрави, во моментов го имаат најдобриот тим во историјата.

„Кога сите се здрави, ова е најдобриот тим на Баерн Минхен според квалитетот. Баерн има 20 играчи кои можат да бидат првотимци. Во мое време имаше 13, а подоцна можеби 16-17. Покрај тоа, денеска може да се прават пет промени. Пред година и пол ги критикував бидејќи немавме толку голем квалитет. Тимот не се смени поради критиките, но се гледа дека се размислува и се делува на пазарот, така што секоја чест за Брацо (Хасан Салихамиџиќ) за завршената работа“, вели Матеус, кој во кариерата имаше 410 меча за Баварците.

И покрај овој комплимент, Матеус не е целосно задоволен од нападот на тимот, каде што Ерик-Максим Чупо-Мотинг е директен напаѓач, а тука се и Томас Милер, Серж Гнабри, Лирој Сане, Садио Мане и Кингсли Коман.

„Мислам дека нападот не е најдобар. Порано на овие позиции беа Рибери, Робен, Левндовски и Милер. Без да навредам некого, но фактот е тој. И покрај тоа Баерн е меѓу фаворитие во Лигата на шампиони. Еден од трите, зад Реал Мадрид и Манчестер сити“, оценува Матеус.

Scroll to Top